Приведен 55-годишен кумановец, при претрес пронајдени дрога и пушка
- Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 16:10 часот, го лишиле од слобода З.А.(55) од Куманово.
Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
З.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. дма/сст/
Фото: МИА архива