• вторник, 23 јули 2024

Приведен 51-годишен маж по пронајдена дрога при претреси во неговиот дом и деловен објект во Куманово

Приведен 51-годишен маж по пронајдена дрога при претреси во неговиот дом и деловен објект во Куманово

Скопје, 7 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово, вчера го лишиле од слобода Б.Б.(51) од Куманово.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, хероин, амфетамин, кокаин и поголема сума на пари во различни валути. Дополнително, при претрес во неговиот деловен објект во Куманово бил пронајден хероин.

Б.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава до надлежното обвинителство. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан