Приведен 24-годишен осуденик избеган од затворот во Струмица
- Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 5 часот го лишиле од слобода Џ.А.(24) од струмичкото село Нова Маала.

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 5 часот го лишиле од слобода Џ.А.(24) од струмичкото село Нова Маала.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, тој бил осуден на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица.
-Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на една година и три месеци од казната, соопшти МВР. хс/дма/
Фото: МИА архива