• четврток, 26 март 2026

Приведен стружанец, поседувал марихуана

Приведен стружанец, поседувал марихуана

Струга, 17 јули 2025 (МИА) - Струшката полиција пронашла и одзела марихуана од домот на 32-годишен стружанец, лицето е приведено, соопшти денеска МВР.

Според соопштението, вчера во 16 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од слобода В.Г.(32) од Струга.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, како што е наведено, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан