• петок, 05 декември 2025

Приведен разбојник за издржување затворска казна

Приведен разбојник за издржување затворска казна

Скопје, 10 март 2025 (МИА) - На улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, вчера полициски службеници го привеле С.Ѓ.(45) од Охрид, кој бил баран поради сторено кривично дело „разбојништво“.

-С.Ѓ.(45) бил баран по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд во Охрид за издржување на казна затвор од три ипол години за сторено кривично дело „разбојништво“. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната, се вели во соопштението на МВР.бт/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан