• петок, 19 јули 2024

Приведен разбојник во Скопје, фатен на дело

Приведен разбојник во Скопје, фатен на дело

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Е.А.(36) од Кочани.

од МВР информира дека тој се сомничи дека околу 01.30 часот во хотел на подрачје на Центар се обидел да одземе предмети, но бил забележан и задржан од еден вработен и од лице од обезбедувањето. Притоа, појаснуваат од МВР, тој им се заканил со остар предмет и со тврд предмет го нападнал лицето од обезбедувањето.
 
Е.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан