• понеделник, 25 ноември 2024

Приведен разбојник во Скопје, расчистени две кривични дела

Приведен разбојник во Скопје, расчистени две кривични дела
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Чаир вчера лишиле од слобода малолетник од Скопје и расчистиле разбојништво и тешка кражба, соопшти Министерството за внатрешни работи. - Во присуство на родител и адвокат сo него бил извршен разгвор и тој признал дека на 29.03.2022 во автобус на ЈСП со закана со остар предмет од друг малолетник одзел мобилен телефон и ранец. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот, се вели во соопштението на МВР. Тој признал дека и на 25.03.2022 извршил кражба во стан на Ѓ.Н. и одзел пари, мобилен телефон и други предмети. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот. По целосно документирање на случаите против малолетникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.сх/са/

Остани поврзан