• петок, 19 јули 2024

Приведен разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна

Приведен разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници ноќеска привеле разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна.

- Ноќеска во 03.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.Ш.(36) од Гостивар, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан