Приведен разбојник во Битола
- Во Битола вчера е приведен 22-годишен битолчанец кој одзел пари од дневен промет од продажен објект.

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Во Битола вчера е приведен 22-годишен битолчанец кој одзел пари од дневен промет од продажен објект.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е приведен 22-годишниот С.С. кој се сомничи дека во околу 20:30 часот во продажен објект на ул.„Апостол Здравески” со употреба на сила од вработената В.Б.(45) од Битола одзел пари од дневниот промет.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бак/
Фото: МИА архива