• сабота, 27 јули 2024

Приведен радовишанец осуден на шест години затворска казна

Приведен радовишанец осуден на шест години затворска казна

Скопје, 3 декември 2023 (МИА) - На 02.12.2023 во 20.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ј.Ш.(31) од Радовиш.

Како што соопшти МВР, тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години од казната.

Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната. нд/
 

Остани поврзан