• четврток, 26 март 2026

Приведен охриѓанец, предизвикал пожар на нива

Приведен охриѓанец, предизвикал пожар на нива

Скопје, 8 август 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атарот на охридското село Горно Лакочереј предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.

Како што соопшти МВР, при преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/вј/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан