• понеделник, 23 декември 2024

Приведен насилник, одреден му е притвор

Приведен насилник, одреден му е притвор
Скопје, 12 мај 2022 (МИА) - Од страна на инспектори од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје денеска од слобода е лишен Б.Н.(39), осомничен за кривично дело „насилство". На подрачјето на Центар, како што соопштија од МВР, тој на 10.05.2022  физички го нападнал Д.Ј.(34) од Скопје и му го оштетил неговото патничко возило, додека во него биле сопругата и малолетното дете. Во координација со Јавен обвинител денеска од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал, превземени се мерки и утврден е идентитетот на сторителот, а до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка. На Б.Н. од страна на  судија на претходна постапка при Основен кривичен суд- Скопје му е одредена мерка притвор. цр/мч/

Остани поврзан