Приведен малолетник кај кого е пронајдена марихуана
- Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска на подрачје на Влае лишиле од слобода малолетник од скопско, кај кого е најдена и одземена кеса со марихуана.

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска на подрачје на Влае лишиле од слобода малолетник од скопско, кај кого е најдена и одземена кеса со марихуана.
Полицијата соопшти дека малолетникот бил приведен во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ев/нд/