• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен кумановец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Приведен кумановец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Скопје, 30 март 2025 (МИА) - На регионалниот пат Куманово - Свети Николе, во населбата Доброшане во Куманово, ноќеска околу 01:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.И.(21) од Куманово.

- При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот, како што се наведува во соопштението, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. дма/сст/

Фото:МИА архива

Остани поврзан