• петок, 31 јануари 2025

Приведен криумчар, пронајдени девет мигранти од Непал

Приведен криумчар, пронајдени девет мигранти од Непал

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - На локалниот пат кон кумановското село Речица, синоќа во 23.10 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17 – годишник од Виница.

МВР денеска соопшти дека при преглед во возило „фолксваген кеди“, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни кумановски регистарски таблички, биле пронајдени девет лица мигранти од Непал. Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а против малолетникот, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан