Приведен криминалец од Тетово баран со потерница
- Тетовски полицајци вечерва успеале да најдат и да приведат 38-годишник од градот кој бил баран со судска потерница за да издржи казна затвор поради случај со противправно лишување од слобода

Тетово, 26 ноември 2020 (МИА) - Тетовски полицајци вечерва успеале да најдат и да приведат 38-годишник од градот кој бил баран со судска потерница за да издржи казна затвор поради случај со противправно лишување од слобода и кражба . Тој треба да помине две години во затвор.
- Денеска во 18 часот полициски службеници од ПС-Тетово го приведоа М.Х. (38) од Тетово, кој со потерница се барал од Основен суд Тетово за издржување затворска казна во времетраење од две години, а во врска со член.141 став.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.
Приведениот е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Идризово во Скопје.ас/фф/