Приведен кривопаланчанец кој управувал возило со поголема брзина од дозволената
- Полициски службеници вчера уапсиле кривопаланчанец кој управувал возило со поголема брзина од дозволената.

Скопје, 20 април 2025 (МИА) - Полициски службеници вчера уапсиле кривопаланчанец кој управувал возило со поголема брзина од дозволената.
-Вчера во 11:30 часот на патот кон с.Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.М.(47) од Крива Паланка, кој управувал патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, со поголема брзина од дозволената, односно со 142 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 70 км на час, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека лицето било исклучено од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.фф/вг/
Фото: МИА Архива