• понеделник, 29 април 2024

Приведен крадец од гостиварско Страјане

Приведен крадец од гостиварско Страјане

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) -  Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 12:10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, го лишиле од слобода 19-годишниот И.С. од гостиварско Страјане.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека заедно со уште едно лице извршил тешки кражби во куќи во гостиварските села Беловиште и Балиндол.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави. дма/sa/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан