• четврток, 09 мај 2024

Приведен крадец кој ограбил магацин на градинка, производите пронајдени и вратени

Приведен крадец кој ограбил магацин на градинка, производите пронајдени и вратени
Скопје, 24 март 2022 (МИА) - Полициски службеници вчера привеле велешанец, кој се сомничи дека ограбил магацин на градинка во Велес. Одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката, соопшти Министерството за внатрешни работи. - На 23.03.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(31) од Велес. Тој се сомничи дека на 14.03.2022 влегол во градинка на ул.„Коле Цветков“ во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи. М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката, посочуваат од МВР. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.фф/са/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан