• вторник, 16 јули 2024

Приведен крадец во Штип, баран со централна потерница

Приведен крадец во Штип, баран со централна потерница

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Полицијата вчера во 15 часот на улица „Партизанска“ во Штип го лишила од слобода Д.А.(30) од Штип.

Како што соопшти МВР, за лицето била распишана централна потерница со која се барал за доиздржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Лицето е спроведено во затвор Струмица за доиздржување на казната. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан