• среда, 24 јули 2024

Приведен крадец во Кавадарци, одземеното вратено на сопственикот

Приведен крадец во Кавадарци, одземеното вратено на сопственикот

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Во Кавадарци вчера во 16 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(28) од Кавадарци, соопштија денеска од МВР.

Тој се сомничи дека претходно извршил кражба во паркирано патничко возило „цитроен“ со светиниколски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(27) од Кавадарци, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Д.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан