• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен крадец во Гостивар, следува соодветна пријава

Приведен крадец во Гостивар, следува соодветна пријава

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - Во Гостивар вчера во 14.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(25) од Република Албанија, соопштија денеска од МВР.

Тој е осомничен дека претходно во верски објект во Гостивар одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од гостиварското село Долна Бањица. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан