• вторник, 23 април 2024

Приведен дрвокрадец во тетовско, следува пријава

Приведен дрвокрадец во тетовско, следува пријава

Тетово, 24 март 2024 (МИА) - СВР Тетово информира дека вчера околу 18 часот и 20 минути е приведен жител на планинското село Шипковица во чие возило биле најдени огревни дрва без соодветна документација. Дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во Поолициската станица Тетово.

- На 23.03.2024 во 18.20 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка при СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А.(43)  од село Шипковица, тетовско. При преглед во патничко возило „фолксваген голф караван“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација и за кои постоои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.ас/ар/
Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан