• петок, 22 ноември 2024

Приведен гостиварец за издржување затворска казна 

Приведен гостиварец за издржување затворска казна 
Скопје, 18 февруари 2022 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар синоќа околу 00:10 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, го лишиле од слобода Ј.А.(21) од Гостивар. Како што информира МВР, за него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна. Ј.А. е приведен во полициска станица, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово.вј/лв/

Остани поврзан