• петок, 05 декември 2025

Приведен возач од ресенско со 1,89 промили алкохол во крвта

Приведен возач од ресенско со 1,89 промили алкохол во крвта

Скопје, 27 мај 2025 (МИА) - На патот Ресен- Битола, полициски службеници од ОВР Ресен вчера во 00.23 часот го лишиле од слобода Р.Н. (47) од с. Златари, ресенско, со 1,89 промили алкохол во крвта. 

- При контрола  во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Н., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,89 промили алкохол во крвта. Р.Н. е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан