• среда, 21 мај 2025

Приведен возач од Македонски Брод, управувал возило под дејство на алкохол

Приведен возач од Македонски Брод, управувал возило под дејство на алкохол

Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Полициски службеници синоќа го привеле С.В.(56) од Македонски Брод поради управување возило под дејство на алкохол.  

- При сообраќајна контрола на патот за  с.Манастирец, Македонски Брод, било сопрено патничко моторно возило „опел”со регистарски ознаки од Македонски Брод,  кое го управувал С.В.,  и по преземени мерки било констатирано дека  С.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,82 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти МВР./

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан