• среда, 14 мај 2025

Приведен возач на патот Гостивар- Кичево, престигнувал колона возила

Приведен возач на патот Гостивар- Кичево, престигнувал колона возила

Скопје, 20 април 2025 (МИА) - Полициски службеници од ПС Гостивар на магистралниот пат Гостивар-Кичево, вчера околу пладне во близина на каменоломот, го лишиле од слобода Ф.С. (59) од с.Ливада, Струшко.

Како што соопшти МВР, приведениот возач со неговото возило „фолксваген“ со струшки регистарски таблици, извршил престигнување на подолга колона на возила, при што ја загрозил безбедноста во сообраќајот.

По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од КЗ- „безобsирно управување сo моторно возило“. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан