• вторник, 15 јули 2025

Приведен возач во Радовиш, управувајќи мопед под дејство на алкохол удрил во малолетничка

Приведен возач во Радовиш, управувајќи мопед под дејство на алкохол удрил во малолетничка

Скопје, 13 јуни 2025 (МИА) - Во Радовиш вчера во 17.30 часот полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш.

Од МВР денеска соопштија дека во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш.

Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/нд/

Фото: МИа архива

Остани поврзан