Лек против епилепсија, чие производство е прекинато, за три недели ќе биде достапен на македонскиот пазар
- Лекот „топирамат“ за лекување епилепсија, мигрена и главоболки е недостапен поради тоа што компанијата „Белупо“ од Хрватска прекина со негово производство, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Скопје, 23 март 2026 (МИА) - Лекот „топирамат“ за лекување епилепсија, мигрена и главоболки е недостапен поради тоа што компанијата „Белупо“ од Хрватска прекина со негово производство - изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
- „Белупо“, кој е единствениот што го има регистрирано лекот во Македонија, вети дека за три недели ќе биде достапен на македонскиот пазар - рече Клековски. рп/вј/
Фото: МИА архива