Приведен бегалец од затвор, баран со потерница
- На улица „Штипска" во Тетово денеска околу 10 часот и 20 минути, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 41-годишниот тетовец К.К..

Скопје, 18 септември 2022 (МИА) - На улица „Штипска" во Тетово денеска околу 10 часот и 20 минути, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 41-годишниот тетовец К.К..
Тетовецот, информираа од МВР, се барал по распишана потерница од КПУ „Идризово"-Скопје за доиздржување на затворска казна од година и пол, за сторено кривично дело „кражба", казниво по член 235 од Кривичниот законик.К.К. е спроведен за доиздржување на затворската казна. цр/мч