• сабота, 21 декември 2024

Приведен анестизиологот од тетовската болница кој снимал и објавувал пациенти на “тик ток”

Приведен анестизиологот од тетовската болница кој снимал и објавувал пациенти на “тик ток”

Скопје, 15 април 2023 (МИА) - Од МВР за МИА потврдуваат дека е приведен анестизиологот кој снимал и објавувал пациенти на „тик ток”.      

Во тетовско Одри синоќа во 23.40 часот полициски службеници го привеле  В.Д. (43), постапувајќи по пријава од страна на П.В., директор на Клиничка болница
Тетово дека В.Д. ,вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата "тик ток" лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Директорот на Клиничката болница од Тетово Плумб Вела, кој и го пријавил случајот во полицијата, најави дека во текот на денот ќе изнесе повеќе детали за овој случај во тетовската болница.цр/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан