• недела, 22 декември 2024

Приведено лице од прилепско барано со две потерници поради бегство од затвор

Приведено лице од прилепско барано со две потерници поради бегство од затвор

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - Оперативниот тим „Потраги“, денеска, во 16:30 часот на улица „Охридско“ во Битола, лишиле од слобода 65 - годишно лице од прилепско кое било барано по две централни потерници и било осудено на казна затвор во времетраење од две години, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

-Денеска (04.11.2023) во 16.30 часот на ул."Охридска" во Битола,  Оперативен тим Потраги го лиши од слобода Д.Р.(65) од с.Кривогаштани, прилепско. Тој се барал по 2 централни потерници врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, во врска со сторени кривични дела по  чл.394 и чл.279 од Кривичниот законик, како и согласно наредба од Основен кривичен суд Прилеп, каде бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години, во врска со чл.252 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека лицето е предадено во СВР Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа. сх/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан