Приведено лице од Центар Жупа барано за издржување затворска казна
- Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи вчера околу 10 часот, привеле жител на општина Центар Жупа баран за издржување затворска казна. -Вчера е приведено лицето О.О.(30) од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Тој беше баран со наредба од Основниот суд во Дебар за издржување затворска казна, информираше Стефан Димовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Дебар, 16 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи вчера околу 10 часот, привеле жител на општина Центар Жупа баран за издржување затворска казна.
-Вчера е приведено лицето О.О.(30) од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Тој беше баран со наредба од Основниот суд во Дебар за издржување затворска казна, информираше Стефан Димовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа затвор Струга за издржување на казната.
Димовски, исто така, информираше дека ОВР Дебар вчера поднело кривична пријава против А.И.(71) од Центар Жупа поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
-Таа, без одобрение и спротивно на Законот за градба, на туѓа катарстарска парцела, отпочнала градба на објект од тврда градба, рече Димовски. вт/сст/
фото МИА архива