Во детската градинка во Дебар одржана работилница на тема "Полицаецот е мојот пријател“
- Целта на работилницата е навремено едуцирање на најмладата популација за теми од областа на сообраќајната безбедност и развивање на нивната сообраќајна култура.
Дебар, 5 март 2026 (МИА) - Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи во детската градинка „Брешија“ одржаа работилница на тема „Полицаецот е мојот пријател“.
-Низ проактивна комуникација и типизиран пристап, на најмладите им беа објаснети улогата и задачите на полицаецот, што е безбедност, што е сообраќај и зошто се значајни, што е семафор, каде треба да се поминува коловозот, зошто треба да се почитуваат сообраќајните знаци и прописи, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него целта на работилницата е навремено едуцирање на најмладата популација за теми од областа на сообраќајната безбедност и развивање на нивната сообраќајна култура. вт/вј/
Фото: ОВР Дебар