• петок, 22 ноември 2024

Приведено лице од Валандовско осомничено за предизвикување општа опасност

Приведено лице од Валандовско осомничено за предизвикување општа опасност

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Во валандовското село Удово вчера во 11.30 часот  полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода К.Ш. (23) од село Удово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот законик, информираа од МВР.

- Имено, тој се сомничи дека околу 08.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П.Л., а откако бил забележан од сопствениците со спреј испрскал еден од нив и го напуштил местото. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопштија од МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан