• среда, 03 јули 2024

Приведено лице во Скопје, пронајден пиштол

Приведено лице во Скопје, пронајден пиштол

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, синоќа околу 21:50 часот во скопската населба Хром, го привеле скопјанецот И.Е. (37), бидејќи по извршен преглед кај него е пронајден пиштол „Екол“.

Како што соопшти МВР, лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по Законот за оружје. дма/сп/

Фото: МИА

Остани поврзан