• недела, 07 јули 2024

Приведени тројца разбојници од Скопје

Приведени тројца разбојници од Скопје

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар на 1-ви овој месец на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода скопјаните А.Т.(20), С.Ѓ.(20) и А.С.(19).

- По добиена пријава дека на 12.08.2023 во 01:10 часот на подрачје на Центар со употреба на сила се обиделе да одземат предмети од Ѓ.С. од Скопје, биле преземени мерки и активности од полициските службеници и за осомничените сторители на кривичното дело била распишана потерница, информираат денеска од МВР.

Во координација со јавен обвинител, лицата се задржани во Полициска станица Бит Пазар и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело обид за „разбојништво“. дма/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан