• сабота, 06 декември 2025

Приведени тројца возачи во Куманово за возење под дејство на алкохол

Приведени тројца возачи во Куманово за возење под дејство на алкохол

Куманово, 27 септември 2025 (МИА) - Тројца кумановци биле приведени поради возење под дејство на алкохол, соопшти денеска СВР Куманово. Полициските службеници кај едниот измериле 2.62 промили алкохол во крвта.

Денеска во 02:15 часот на регионалниот пат во кумановското село Доброшане, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.И. (23) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, при што му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.

На истиот пат, полицијата го уапсила и М.М. (35) од Куманово. Тој бил запрен со патничко моторно возило „пежо“ и му биле измерени 2.62 промили алкохол во крвта.

Третиот, педесет и двестегодишниот Г. К бил запрен со „цитроен“ на улица „Ѓорче Петров“ и при контрола му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

По целосното документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. ам/аа/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан