• петок, 21 јуни 2024

Приведени тетовец и гостиварец за издржување на затворски казни

Приведени тетовец и гостиварец за издржување на затворски казни

Скопје, 25 мај 2023 (МИА) - МВР информира дека вчера, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле тетовецот Б.И. и гостиварецот А.С. за издржување на затворска казна во затворот во Тетово.

- Вчера (24.05.2023) околу 15.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 49-годишниот тетовец Б.И.. Тој се барал со судска наредба за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, а набргу бил спроведен во установата, известуваат од полицијата.

Нешто подоцна, околу 16.20 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле и 35-годишниот гостиварец А.С. за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово.

И А.С. бил спроведен во оваа установа за издржување на затворската казна. ир/аа/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан