• понеделник, 23 декември 2024

Приведени седуммина криумчари од Пакистан, пронајдени 70 мигранти

Приведени седуммина криумчари од Пакистан, пронајдени 70 мигранти

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Приведени се седуммина криумчари од Пакистан, а пронајдени 70 мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.

- Во периодот од 20 часот синоќа до 02.30 часот изутринава, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица и од НЕКМТСЛ, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, лишиле од слобода седуммина мигранти од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривично дело - криумчарење на мигранти, согласно член 418-б од Кривичниот законик, се наведува во соопштението.

Околу 17 часот било пријавено дека јужно од Негорци, во близина на Серменинска Река, се наоѓа поголема група мигранти од Сирија. Групата била во движење, како што се додава во соопштението, предводена под присила од страна на неколку мигранти од Пакистан.

- Од страна на РЦ за ГР ЈУГ и СВР Струмица веднаш биле испратени полициски службеници на посочената локација, во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции. По детално пребарување на теренот, откриени се вкупно 77 мигранти, пишува во соопштението.

Од Сирија - 52, од Пакистан - 13, од Турција пет, од Ирак - пет и од Индија - две лица, а меѓу нив и седумте мигранти од Пакистан, кои биле посочени како водичи на групата.

За случајот бил известен јавен обвинител од ОЈОГОК – Скопје, а денеска против седумте мигранти од Пакистан е поднесена кривична пријава. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан