• петок, 05 јули 2024

Приведени кумановци, се однесувале агресивно кон полициски службеник и оштетиле полициско возило

Приведени кумановци, се однесувале агресивно кон полициски службеник и оштетиле полициско возило
Куманово, 14 септември 2022 (МИА) - Двајца кумановци агресивно се однесувале кон полициски службеник и оштетиле полициско возило, соопштија денеска од СВР Куманово. - Вчера, полициските службеници од СВР Куманово ги привеле и извршиле службен разговор со И.Р.(45) и С.Р.(48), двајцата од Куманово. Во 08:40 часот на улица „11 Октомври“ во Куманово И.Р. се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека С.Р. оштетил службено полициско возило, појаснуваат од полицијата. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. ам/цр

Остани поврзан