• петок, 22 ноември 2024

Приведени крадци во напуштена свињарска фарма во кумановското село Речица

Приведени крадци во напуштена свињарска фарма во кумановското село Речица

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа околу 22.00 часот, ги лишиле од слобода Е.Б.(29) и Е.И.(25), двајцата од Куманово.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во село Речица, кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори.

-Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. дма/ев/

Фото:МИА архива

Остани поврзан