• недела, 19 мај 2024

Приведени крадци од кумановското село Черкези

Приведени крадци од кумановското село Черкези

Скопје, 25 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници вчера во Куманово ги лишиле од слобода К.А.(25) и Б.Ј.(26), двајцата од кумановското село Черкези.

Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека од И.Ѓ., такси возач кој ги превезувал до село Черкези, одзеле пари. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан