Приведени крадци од Криволак, украдените предмети се пронајдени
- Во неготинското село Криволак вчера во 16.40 часот полициски од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(20) и Ф.М.(20), двајцата од истото село, осомничени дека извршиле кражба, при што од објект во селото одзеле повеќе предмети, соопштија денеска од МВР.

Скопје, 5 јануари 2024 (МИА) - Во неготинското село Криволак вчера во 16.40 часот полициски од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(20) и Ф.М.(20), двајцата од истото село, осомничени дека извршиле кражба, при што од објект во селото одзеле повеќе предмети, соопштија денеска од МВР.
- Кај нив биле пронајдени одземените предметите, алатот со кој била извршена кражбата и патничкото возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, со кое ги пренесувале предметите. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица, се појаснува во соопштението.
По документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/нд/
Фото: МИА архива