Приведени крадци од Битола осомничени за тешка кражба во кругот на рудникот „Суводол“
- Полициски службеници од Полициското одделение Новаци вчера во 16.30 часот, ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола, соопштија денеска од МВР.
Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение Новаци вчера во 16:30 часот, ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола, соопштија денеска од МВР.
Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудникот „Суводол“, систем Брод - Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети.
- Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР. цр/бак/
Фото: МИА архива