• петок, 10 мај 2024

Приведени крадци на Бит-пазар, следуваат пријави

Приведени крадци на Бит-пазар, следуваат пријави
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - На подрачјето на Бит-пазар синоќа околу 22:45 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е. Е. (18) и уште тројца 17-годишници, сите од Скопје. Како што информираа денеска од МВР, тие претходно на подрачје на Бит-пазар со употреба на физичка сила од двајца малолетници од Скопје одзеле пари и предмет, кој подоцна бил пронајден кај пријавените. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Бит-пазар, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. цр/

Остани поврзан