• среда, 12 јуни 2024

Приведени дрвокрадци во Тетовско

Приведени дрвокрадци во Тетовско

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - Во близина на тетовското село Теарце, вчера околу 13.00 часот на земјен пат кој води кон тетовско Брезно, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Б.Џ.(56) и И.А.(46), двајцата од село Теарце.

При преглед во трактор управуван од Б.Џ., информираа денеска од МВР, биле пронајдени дрва без печат и испратница за транспорт, при што тој приложил дозвола за сеча со изминат рок.

- При преглед на трактор кој го управувал И.А., биле пронајдени дрва без печат и испратница за транспорт и за кои ги приложил истите документи што биле кај Б.Џ.. Лицата биле задржани во полициска станица, а дрвата и тракторите биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР. цр/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан