Приведени две лица, петрес во Тетово, пронајдена дрога
- Во Тетово вчера во 17.30 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Б.(58) и В.Б.(25), двајцата од Тетово.

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Во Тетово вчера во 17.30 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Б.(58) и В.Б.(25), двајцата од Тетово.
Како што денеска соопштија од МВР, при претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со хероин.
Лицата се задржани во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. цр/дма/
Фото: МИА архива