• четврток, 18 јули 2024

Приведени двајца криумчари, откриени 26 мигранти од Сирија

Приведени двајца криумчари, откриени 26 мигранти од Сирија
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Кај место викано „Чештево“ во Валандово, синоќа во 20.30 часот, службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода С.С. (45) од Скопје и П.К.(20) од Србија, затоа што со патнички возила превезувале лица мигранти од Сирија. На локалниот пат за валандовското село Казандол, информираа денеска од МВР, околу 14.40 часот полициски службеници забележале две патнички возила „Шкода“, едното со скопски регистарски, а другото со српски национални ознаки, натоварени со мигранти. Кога ја забележале полициската патрола, возилата застанале, по што возачите и лицата мигранти се дале во бегство. - Набргу, по преземени мерки, во близина на возилата биле пронајдени 26 лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а по пребарување на теренот, во 20.30 часот, биле пронајдени и лишени од слобода С.С. и П.К.. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 418 од Кривичниот законик, појаснуваат од МВР. цр/сп/

Остани поврзан