• петок, 22 ноември 2024

Формиран регионален кризен штаб за пожарите со седиште во Кавадарци 

Формиран регионален кризен штаб за пожарите со седиште во Кавадарци 

Неготино, 18 јули 2024 (МИА) - Формиран е регионален кризен штаб за пожарите во државата со седиште во Кавадарци. Со кризниот штаб ќе координира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Ова е одлуката што синоќа била донесена на координативен состанок за пожарите, одржан во Неготино.

За седницата информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, преку својот фејсбук профил. Како што наведува, учествувале министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, командирите на ТППЕ и колегите градоначалници од општините кои се зафатени со критичните пожари.

-По насока на Владата и премиерот Христијан Мицкоски ги поставивме контурите на нашето делување и уште од вечерва почнуваме со акција. На терен ќе бидеме ние, припадниците на АРМ, МВР, воздухоплови испратени од нашите пријателски земји и нашите капацитети, како и пожарникарите на кои морам да им искажам длабока почит за нивната пожртвуваност и борба која ја даваат во справувањето со огнените јазици, напиша Ѓорѓиевски. свд/мч/

Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

Остани поврзан